Направете паметен избор со префрлање на вашата плата за беспрекорно банкарско искуство и ексклузивни поволности

Префрлете ја платата во Силк Роуд Банка и добијте пристап до голем број на дополнителни банкарски услуги кои ќе ви овозможат поголема финансиска слобода, удобност и контрола во менаџирањето на сопствените финансии.

Секојдневни брзи и лесни трансакции. Безбедно и едноставно решение со бесконтактната VISA Classic Debit картичка.

Дозволено пречекорување. Ви треба малку дополнителна флексибилност? Нашиот пакет вклучува опции за пречекорување до 3 плати за да ви помогне лесно да управувате со неочекуваните трошоци.

Кредитни картички со најдобри услови. Со American Express картичките добивате членство во програмата „Твој Бонус“ за поврат на готовина која ви носи и до 15% бонус при купување, а со Visa Classic картичката бесплатно ја добивате услугата ПОМОШ ДОМА за техничка помош во вашиот дом од 9.500 денари за 1 година.

Промотивни депозити. Уживајте во флексибилноста на месечни или исплати на камати на крајот на орочувањето со одлични каматни стапки за депозит во денари и евра до 36 месеци.

Станбен кредит по најповолни услови на пазарот. Искористете ги придобивките на фиксна каматна стапка од само 3,75% за 10 години со животно осигурување.

Електронско и мобилно банкарство. Искусете ја удобноста на онлајн банкарството 24/7. Управувајте со вашите финансии во секое време, насекаде!

СМС услуга. Останете информирани и добивајте ажурирања, предупредувања и други информации директно на вашиот телефон.

Вашата финансиска сигурност е наш приоритет. За повеќе информации обратете се во најблиската експозитура на Силк Роуд Банка!

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.