Физички лица > Моја Плата
Моја Плата

Производот Моја плата е трансакциска сметка на која ја примате платата или пензијата во Силк Роуд Банка АД Скопје. Моја плата Ви нуди посебни услови и погодности, и тоа:
- Дозволено пречекорување
- Visa Electron Point / American Express Point дебитна картичка – со отворање на трансакциската сметка
- 50% намалување на годишната провизија за сефови
- Електронско Банкарство – пасивно (без надоместок),
ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ
Револвинг кредитна линија на трансакциската сметка преку која клиентот ја прима платата или пензијата и се користи за покривање краткорочни потреби за готовина.- Износ - три месечни плати, максимум МКД 300.000
- Каматна стапка - 14%* годишна се пресметува искористениот дел
- Рок - 12 месеци со можност за автоматско пролонгирање
На износот што го надминува дозволеното пречекорување и на доспеаниот и ненаплатен износ се пресметува и се наплатува законска казнена камата.
КРЕДИТНИ КРИТЕРИУМИ
- Барателот да биде во редовен работен однос
- Учеството на вкупните месечни задолжувања во вкупните месечни примања да изнесува најмногу 60% за вработени во јавна администрација и 200 најпрофитабилни компании, односно 55% за вработени во приватни компании
- Кредитобарателот да не биде постар од 72 години при доспевање на дозволеното пречекорување
ТРОШОЦИ
200 МКД надомест за онлајн апликација
Каматната стапка е променлива во согласност со Одлуката за каматни стапки на Силк Роуд Банка АД Скопје. |