Наша донација со секоја трансакција
Наша донација со секоја трансакција
Наша донација со секоја трансакција
Силк Роуд Банка и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа
меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со
меморандумот компанијата се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе донира по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе
се искористуваат периодично, зависно од секоја поединечна потреба за набавка на материјали
на Клиниката.
Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во
земјата. На клиниката се спроведува специјалистичко-консултативна и болничка здравствена
заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на педијатријата, а се изведуваат и
образовна, научно-истражувачка дејност и усовршување на медицинскиот кадар.
Силк Роуд Банка има развиени општествено одговорни активности, учествувајќи во поддршка на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“, СОС Детско село како и Клиниката за онкологија и радиотерапија.