Информација за нов начин за утврдување нефункционална кредитна изложеност

    

Почитувани,

 

Ве информираме дека поради промена во регулативата, Силк Роуд Банка воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата на Народна Банка на Северна Република Македонија и истата ќе важи од 01.01.2024 година.

 

Промените во новата регулативa се одразуваат на третманот на клиентите кои користат повеќе различни кредитни продукти. Пред овие измени, уредноста на отплатата кај еден клиент се следеше одделно, по користен продукт. Со измената, ќе се следи вкупниот износ односно збир на кредитна изложеност од сите користени кредитни продукти на клиентот во Банката.

 

Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност се смета доспеан долг повеќе од 90 дена во континуитет, при што вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 6.000 денари кај физичките лица и да надминува 1% од целокупната искористена кредитна изложеност во Банката. Доколку имате нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека имате нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во Банката.  Исто така, доколку Вашата изложеност премине во нефункционална, и изложеностите на кокредитобарателите кои се поврзани со Вашата кредитна изложеност ќе преминат во нефункционални кредитни изложености. Истото важи и доколку вие сте кокредитобарател на нефункционална кредитна излиоженост, Вашата изложеност ќе се смета за нефункционална, без оглед на тоа што вие си ги подмирувате своите обврски на време.

 

Со цел одржување на добра кредитна историја, Ве молиме за навремено и редовно подмирување на сите Ваши кредитни обврски во Банката.

 

Со почит,

Силк Роуд Банка АД Скопје

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.