Силк Роуд Банка АД Скопје стана членка на организацијата FCI
Задоволство ни е да објавиме дека Силк Роуд
Банка АД Скопје стана членка на организацијата FCI (Factor Chain
International).
FCI е истакнато глобално претставничко тело за
факторинг и финансирање на домашни и меѓународни трговски трансакции. FCI е основана во 1968 година како
непрофитна глобална асоцијација. Со денес близу 400 компании-членки во повеќе
од 90 земји, FCI нуди единствена мрежа за соработка во прекуграничен факторинг.
Трансакциите со членови на оваа организација, претставуваат речиси 60% од светскиот обем на
меѓународен факторинг.
Силк Роуд Банка ги надгради своите факторинг
услуги со членството во
FCI, како средство за континуирана поддршка на растот на македонската
економија. Ние сме исклучително горди на оваа нова пресвртница и со нетрпение
очекуваме да им обезбедиме на македонските бизниси атрактивни решенија за пораст на нивниот извоз и следствено
на тоа да имаат придонес во македонскиот економски раст.