Физички лица > eID
eID
eID
Добредојдовте во целосно дигитална банка
Силк Роуд Банка со услугата електронска идентификација преку апликацијата OneIDовозможи лесен, безбеден и брз пристап до различни производи и услуги од кои било место во светот и во кое било време.
Електронска идентификација на Силк Роуд Банка е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до банкарските производи и -услуги без да имате потреба од посета на шалтер.
Апликација за отварање на платежна сметка и користење на платежни услуги
Што е електронска идентификација и зашто електронска идентификација?
OneID е ваша електронска идентификација пред компании кои нудат услуги за кои имаат потреба од ваше електронско идентификување. Вие можете електронски да се идентификувате со користење на апликацијата OneID инсталирана на вашиот мобилен уред за услугите за кои сте дале согласност.
- Електронска идентификација 24/7 без посета на шалтер
- Потпишувања барања и договори за најразлични производи
- Сигурносен и безбеден онлине пристап до сервисите на Банката
- Можност за користење во движење од кои било места во светот во кое било време
- Еднократно подесување и креирање на електронската идентификација
КАКО СЕ КОРИСТИ ONEID?
За издавање на Ваша електронска идентификација - OneID Ви се потребни само:
- важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош),
- мобилен телефонски број
- активна и точна e-mail адреса
Чекор 1: Инсталација на мобилната апликација OneID на Вашиот мобилен уред преку AppStore, Play Store или App Gallery
Чекор 2: Пополнување на форма на самата апликација за регистрирање на OneID. Прифаќање на условите за користење на услугата и Политиката на приватност."Регистрирај се"
Чекор 3: Потврдување на e-mail адресата преку внес на верификацискиот код добиен на истата
Чекор 4: Најава со корисничкото име и лозинка внесени при регистрацијата
Чекор 5: Далечинска верификација на идентитетот на физичкото лице
Чекор 6: Активација на OneID и преземање на квалификуваниот дигитален сертификат