СИЛК РОУД БАНКА СО НОВ СОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО И МОБИЛНО БАНКАРСТВО



Почитувани клиенти,

 

Задоволство ни е да ве информираме дека е пуштена во употреба нова верзија на системот за електронско и мобилно банкарство за физички лица на Силк Роуд Банка која има модерен и софистициран изглед односно нуди нови, совршени и подобрени функционалности.

 

Сите постоечки корисници физички лица на системот на електронско банкарство потребно е да го активираат својот кориснички профил на електронско банкарство преку следниот линк: https://silkroad.24x7.com.mk/Retail /Account/Login. За активирање на корисничкиот профил во “Активирај корисник”  внесете го Вашето постоечко корисничко име кое го користите и активацискиот код кој што ќе го добиете на СМС порака. Потоа, потребно е да внесете нова лозинка. За најава на апликацијата внесете го Вашето постоечко корисничко име и новата лозинка.

 

Сите нови корисници физички лица на системот на електронско  банкарство потребно е да го активираат својот кориснички профил на електронско банкарство преку следниот линк: https://silkroad.24x7.com.mk/Retail /Account/Login.

-        Нов корисник – доколку поседувате активна дебитна картичка од Силк Роуд Банка, имате можност да аплицирате online за електронско банкарство на следниот линк: https://secure.24x7.com.mk/enrollment_silkroad/mk-MK/Retail/ResetAccount  преку внесување на основните податоци за идентификација и да станете корисник на услугата.

-        Нов корисник – доколку не поседувате активна дебитна картичка од Силк Роуд Банка, потребно е да ја посетите најблиската Експозитура на Банката и да пополните Пријава (апликација) за електронско банкарство со која ќе добиете корисничко име и активациски код за активирање на Вашиот кориснички профил и најава на следниот линк: https://silkroad.24x7.com.mk/Retail /Account/Login.

 

Со цел можност за користење на мобилната апликација како и вршење на плаќања на електронско и мобилно банкарство, потребно ќе биде да ја преземете новата мобилна апликација Silk Road m-Bank од Google Play и Аpp Store и самостојно да ја активирате со внесување на Вашите лични податоци и податоците од Вашата картичка.

 

Плаќањата на електронското и мобилно банкарство се верификуваат со внес на еднократни ОТП лозинки. За да генерирате ОТП лозинка потребно е да ја преземете мобилната апликација од Google Play Store или App Store, да се најавите на истата и во менито да одберете и кликнете на „Генерирај ОТП“. Вашата 6 цифрена ОТП лозинка внесете ја во налогот за да го реализирате плаќањето.

 

Новиот систем на електронско банкарство е со современ и интуитивен дизајн прилагоден на вашите потреби за брзо, едноставно и ефикасно користење на банкарски услуги без потреба за посета на експозитурите на Банката и чекање во редови на шалтер.

 

Електронското  банкарство на Силк Роуд Банка ви овозможува 24/7 преглед во состојбата на Вашата трансакциска или штедна сметка, преглед на кредити и картички, можност за вршење плаќања во земјата и странство и менувачница.

 

Услугата Ви е достапна од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, независно од работното време на Банката, да управувате со Вашите трансакции 24 часа на ден.

Користејќи ги услугите на Електронско банкарство Вие сте сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на Вашите сметки и лични податоци, како и пониски трошоци од редовните.

 

Со цел клиентите да имаат можност да ги увидат новите унапредени функционалности и дизајн на апликацијата, Банката воведе промотивен период за сите нови физички лица на кои нема да им се наплаќа месечен надомест за користење на системот, односно сите постоечки физички лица ги задржуваат истите провизи како и досега, а новите провизии ќе бидат имплементирани од 01/10/2021 година.

 

 

Со почит,

Силк Роуд Банка АД Скопје



СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.