Правни лица > Кредити > Кредитни линии > Развојна банка - субвенционирање на камата

Развојна банка - субвенционирање на камата

ИЗБЕРЕТЕ ГО КРЕДИТОТ КОЈ НАЈВЕЌЕ ВИ ОДГОВАРА

РАЗВОЈНА БАНКА - СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КАМАТА

Фонд за ликвидност на приватен сектор (ФЛПС) е фонд во сопственост на РСМ и е формиран за спроведување на мерката за поддршка на компаниите кои ја реинвестираат добивката за 2021 година преку субвенционирање на договорната камата по кредити земени од банките за ликвидност.
Фондот го администрира Развојна Банка на Северна Македонија АД Скопје. За оваа цел од Владата на РСМ во ФЛПС се распределени средства во износ од МКД 120,000,000. Средствата од Фондот може да се користат врз основа на принцип прв дојден прв услужен.

Кредитот е ново одобрен (договор за кредит склучен по доставување на известувањето (писмо за интерес) од страна на РБСМ до Банката за субвенционирање на договорна камата) и истиот е одобрен и исплатен во денари

Развојна Банка, обврската по основ на договорот за пристапување кон долг за плаќање на договорната камата ќе ја исполнува до 5-ти во месецот. Банката е должна да го информира кредитокорисникот за склучениот договор за пристапување кон долг и за преземената обврска од страна на РБСМ да ја плаќа каматата. Кредитокорисникот се ослободува од плаќање на договорна камата кога РБСМ ќе ја исполни преземената обрска согласно договорот за пристапување кон долг.

Во случај кредитот по кој Развојна Банка пристапила кон долг да биде предвремено вратен од страна на кредитокорисникот или ако премине во нефункционално побарување, Банката во рок од 5 дена треба да ја информира РБСМ со цел да се исклучи тој кредит од одобрената Спецификација за субвенционирање на камата за наредниот период. Ако РБСМ има веќе префрлено средства за субвенционирање на камата, Банката е должна да ги врати уплатените средства.

Еден квалификуван кредитокорисник може да користи субвенција за камата за кредит само во една банка и за еден кредит

Максималниот трошок за камата кој може да биде субвенциониран кон еден кредитобарател изнесува МКД 1,200,000


• Трговски друштва (ТД) кои согласно Закон за трговски друштва (ЗТД) се обврзници на аконтативен данок од добивка за 2021 година, кои редовно ги сервисираат обврските кон државата и кои донеле одлука да ја реинвестираат добивката за 2021 година.
• Кредитот не смее да биде наменет за ТД во државна сопственост или ТД во кои РСМ е содружник или акционер со најмалку 51% од основната главница
• мин МКД 300,000 денари
• максимум МКД 30,000,000.

Износот на кредит не смее да е поголем од 20% од износот на добивката за 2021 година која се реинвестира
МКД
До 12 месеци
Кредитот има точно утврдена динамика на отплата согласно амортизационен план
• Ануитетски или булет (со крај на доспевање)
• 1,5% еднократна провизија за исплата
• Трошоци за меница
• Нотарски трошоци (солемнизација на договор, нотаризирана меница, воспоставување на хипотека)
• Трошоци за проценка на обезбедување
• Меница – солемнизација на договор или нотаризирана меница
• Хипотека



ИНФОРМИРАЈ СЕ ВЕДНАШ НА 02 3251 900

Корисни информации

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ НАШИ КРЕДИТИ

Кредити за обртни сретства


Повеќе

Гаранции


Повеќе

Инвестициони кредити


Повеќе

Рамковни кредити


Повеќе

Зелен кредит


Повеќе

Дозволено пречекорување на сметка


Повеќе

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.