Физички лица > Картички > VisaElektronPoint

Картички

VISA CLASSIC

Силк Роуд Банка Скопје Ви ја претставува својата VISA Classic бесконтактна дебитна картичка, безбедно и едноставно решение за Вашите секојдневни трансакции. Отсега со Visa Classic картичките на Силк Роуд Банка може да плаќате на најсовремениот начин кој се користи во светот - бесконтактно. На оние продажни места каде што е овозможено бесконтактно пазарување во износ до 1.100 МКД, истото може да го остварите со едноставно доближување на картичката до продажниот терминал и плаќањето ќе биде завршено - без да внесувате ПИН код или да потпишувате потврда. За зголемена заштитата Банката овозможува комулативно бесконтактно пазарување во износ до 6000 мкд, по надминување на овој износ потребно е внес на ПИН за да се потврди корисникот на картичката
Бесконтактното плаќање функционира на посебно означени продажни места кои се опремени со оваа современа и безбедна технологија. Бројот на ваквите продажни објекти во државата и во светот веќе е голем, но и постојано се зголемува.

ОСТАНАТИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Без провизија за подигнување готовина од банкоматите на Силк Роуд Банка
  • Бесконтактно плаќање до 1.100,00 МКД
  • Едноставно следење на трансакции и состојба насекаде во светот преку услугите Електронско и Мобилно банкарство
  • Можност за прилагодување на лимитот (Банкомат, Пос)
  • Можност за дополнителни картички за вашите најблиски, со можност за прилагодување на лимитите за секоја од картичките
  • 24-часовна поддршка за корисниците, насекаде во светот

ПОВЕЌЕ ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Visa Classic картичката може да се користи секаде каде што е истакнат знакот на VISA. За ваше полесно користење на картичката постои опцијата за дневен лимит на трансакции, кој корисникот сам може да го одреди. Исто така, како дополнителна заштита можете да го промените Вашиот PIN на кој било банкомат на Силк Роуд Банка.

24/7 поддршка : 02 3203 555 / 070 406 555

Оставете Ваши податоци во дадените полиња, со цел да ве контактираме за комплетирање на процесот за аплицирање

СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

Подесувања за колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.
Live Chat
x

Оставете Ваши податоци во дадените полиња, со цел да ве контактираме за комплетирање на процесот за аплицирање