Силк Роуд Банка





Заштита на обработката на личните податоци во Силк Роуд Банка АД Скопје

Силк Роуд Банка АД Скопје ја препознава приватноста како важна и затоа обезбедува заштита на личните податоци на физичките лица - клиенти на Банката, како и на сите вработени, добиени по кој било основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат при користењето на услугите на Банкати.

Банката обработува лични податоци во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, со цел да може да обезбеди производи или услуги на субјектот.

Личните податоци на субјектот се обработуваат кога е исполнет еден од следниве услови за законитост на обработката:

  • Обработката е неопходна за исполнување на законските обврски на Банката или други цели наведени со закон
  • Обработката е неопходна за извршување на договорот во кој субјектот е договорна страна или за преземање активности на барање на субјектот пред склучувањето на договорот.
  • Обработката е неопходна за исполнување на легитимниот интерес на Банката.
  • Субјектот се согласил на обработка на неговите или нејзините лични податоци за една или повеќе посебни цели.

Субјектот на лични податоци има право да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласност пред истата да биде повлечена, кога обработката на податоците се врши врз основа на дадена согласност за обработка.

Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Банката е Контролор на лични податоци а Клиентот е Субјект на лични податоци.

Субјектот на лични податоци има право на:

  • Право на информации и пристап до лични податоци,
  • Право на исправка и бришење, како и право на ограничување на обработката,
  • Право на преносливост на податоците,
  • Право на приговор и автоматизирано донесување на поединечни одлуки.

Субјектот на лични податоци на негово барање може да добие информација за тоа:

  • дали се обработуваат лични податоци за субјектот подносител на барањето;
  • кои лични податоци се обработуваат;
  • за кои цели и кој е правниот основ;
  • корисниците или категориите на корисници;
  • изворите на личните податоци и кога истите се прибрани и ажурирани.

За таа цел во Банката има посебно барање, преку чие пополнување и доставување субјектот може да ги добие наведените информации. Барањето е објавено на Интернет страната на Банката.

При доставено барање од субјектот на лични податоци, Банката ќе се обиде да му одговори во рок од триесет (30) дена по поднесувањето на барањето. Овој рок може да се продолжи за дополнителни 2 месеци, доколку Банката смета дека е потребно, земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Банката ќе го информира субјектот на лични податоци за продолжувањето на рокот, во рок од триесет (30) дена од приемот на барањето и ќе ги наведе причините за продолжувањето.

Доколку Банката не преземе активности во врска со барањето на субјектот на лични податоци, таа ќе го извести субјектот без одлагање и најдоцна во рок од триесет (30) дена од приемот на барањето, за причините за непреземање на активности и за можноста субјектот да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци, како и можноста за користење на судска заштита.

Правата на субјектот на лични податоци можат да се ограничат во посебни случаи кога таквото ограничување е во согласност со суштината на основните права и слободи и претставува неопходна и пропорционална мерка со цел да се обезбеди:

  • националната безбедност;
  • одбраната;
  • јавната безбедност;
  • превенција, истрага, откривање или гонење на сторителите на кривични дела или извршување на изречените казнени санкции, вклучувајќи превенција и спречување на закани за јавната безбедност;
  • други важни цели од општ јавен интерес за Република Северна Македонија, а особено важен економски или финансиски интерес на Република Северна Македонија, вклучувајќи монетарни, буџетски и даночни прашања, јавно здравје и социјална заштита;
  • заштита на независноста на судовите и судските постапки;
  • превенција, истрага, откривање и гонење на прекршувањето на етичките правила за регулираните професии;
  • следење, инспекциски надзор или регулаторни функции кои се барем повремено поврзани со исполнување на надлежностите на органите на државната власт;
  • заштита на субјектот на личните податоци или на правата и слободите на други физички лица;
  • спроведување на барањата во граѓански постапки.


Барањето за остварување права на субјект на лични податоци можете да го поднесете на адреса „ул. Даме Груев бр. 1, 1000 Скопје“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или да го пополните Барањето, да го скенирате и да го испратите електронски, на е-адресата: privacy@silkroadbank.com.mk



    Офицер за заштита на лични податоци

    Во согласност со одредбите од член 41 став 7 од Законот за заштита на лични податоци ( “Сл. весник на РСМ” бр. 42/2020), назначенo лицe за Офицер за заштита на лични податоци во Силк Роуд Банка АД Скопје:

    Андриана Матлиоска
    Електронска пошта за прием на барања: privacy@silkroadbank.com.mk
    контакт телефон: 02/ 3 289 522




    СТАНЕТЕ НАШ КЛИЕНТ И ИЗБЕРЕТЕ ЈА УСЛУГАТА КОЈА НАЈМНОГУ ВИ ОДГОВАРА

    Пополнете ја контакт формата и наведете го вашето барање

    Подесувања за колачиња

    Оваа веб страница користи колачиња. На веб страницата www.silkroadbank.com.mk користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство при идната посета на веб страницата. Детални информации за начинот на кој можете да ги смените Вашите преференции за веб колачињата можете да најдете во нашиот документ Политика за приватност и Политика за колачиња.