Силк Роуд Банка

Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје.
Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје.
Во 2000 година, Alpha Bank AE, Атина стана главен акционер и Банката го промени името во Алфа Банка АД Скопје.
Дискреција и почит се стандардите на Банката. Силк Роуд Банка АД Скопје се издвојува од другите банки во земјата со примена на критериумите на модерните банкарски принципи кои креираат понуди каде клиентите се во центарот на вниманието. Вредноста и принципот на работењето на Банката се потребите на клиентите кои се подмируваат лесно како свила.
Силк Роуд Банка АД Скопје ќе продолжи со својата деловна стратегија ориентирана кон модерните аспекти на банкарството преку подобрување на производите и иновации со што го потврдува својот имиџ на динамична и модерна Европска банка која ги следи побарувањата на пазарот и ги задоволува потребите на своите клиенти.