Силк Роуд Банка Ви го претставува својот интернет банкарски сервис, дизајниран да Ви овозможи брз и едноставен пристап до Вашата банкарска сметка, со кој Ви нудиме:

  • бесплатен пристап до Вашите средства каде и да сте
  • извршување банкарски трансакции во секое време
  • брзо и безбедно безготовинско плаќање
  • бесплатни интерни плаќања
  • бесплатен увид на состојба и изводи
  • преглед на состојба на кредит во Банката
  • најниски провизии.
Сега може лесно да ги извршувате Вашите банкарски потреби, каде сакате, кога сакате!
 
За брз и лесен пристап до сервисот Електронско Банкарство, Ве молиме кликнете тука.
 
КАРАКТЕРИСТИКИ
 

Услугата Електронско банкарство - го олеснува начинот на кој управувате со Вашите средства и трансакции, и притоа Ви нуди голем број предности и поволности:

  • Информација 
    Благодарение на оваа услуга, во секое време имате бесплатен и детален увид и информации за Вашата сметка: преглед на моменталната состојба на сметката, преглед на налози и изводи. Преку Вашиот пристап до Електронското Банкарство можете да ја следите и состојбата на кредитот во Банката, распоредот на плаќања за кредитот, како и увид во исплатените кредити.
  • Трансакција
    Оваа услуга Ви овозможува брзи и безбедни банкарски трансакции во секое време. Можете да плаќате налози онлајн и да вршите безготовински плаќања кога Ви одговара, без разлика дали сте дома, на работа или на пат.
  • Архива
    Услугата Електронско Банкарство Ви овозможува и детален преглед на сите минати налози, како и изводи за бараните датуми. На тој начин во секое време имате увид на сите минати состојби на Вашата сметка.
  • Сервис
    Преку Електронското Банкарство добивате и услуги од сервисен карактер, како што се информации за моменталната состојба на курсните листи, што дополнително оди во прилог на Вашите онлајн-трансакции во земјата и надвор од неа.

Се е полесно со пристап до услугата Електронско Банкарство!

 
 
Банката го задржува правото да ги менува условите без претходна најава.