Услови за употреба

Силк Роуд Банка АД Скопје, преку нејзината веб страна www.silkroadbank.com.mk, му овозможува на интернет посетителот/корисникот да биде информиран за Банката и сите останати компании од Групацијата како и за продуктите и услугите што се нудат. Ве молиме, прочитајте ги внимателно следниве услови за употреба.

Употребата на оваа веб страна подразбира целосно и недвосмислено прифаќање на условите за употреба, применети на целата содржина на оваа страна. Доколку посетителот/корисникот на оваа страна не се согласува со било кој дел од овие услови, веднаш треба да ја напушти оваа веб страна и да не ја употребува.

Со посета или употреба на сајтот www.silkroadbank.com.mk, посетителите/корисниците потврдуваат дека ги прочитале, разбрале и безусловно ги прифаќаат условите за употреба. Силк Роуд АД Скопје може еднострано да ги измени сагашните услови во секое време, без претходна опомена, со тоа што ќе ја објави таа промена преку нејзината веб страна. Употребата на на оваа веб страна после објавата за промена подразбира и согласност за направената промена.

A. Копирајт/Права на интелктуална и индустриска сопственост

Целата содржина на страната, вклучувајќи, индикативно но без ограничување, трговски марки, карактеристични наслови, текстови, новини, фотографии, слики, понуди за услуги, е сопственост на Силк Роуд  Банка АД Скопје и е регулирана со релевантни одредби од важечката законска регулатива во земјата како и меѓународните стандарди, главно во поглед на интелектуалната и индустриска сопственост, со исклучок на заштитените права од трети лица.

Следствено, ниедна измена, објава, пренос, репродукција, дистрибуција, презентација или било каква употреба на содржината на веб страната било целосно или делумно, не е дознволена на било кој начин без претходна согласност од Силк Роуд Банка АД Скопје. Со исклучок ограничено копирање, печатење или запамтување на делови од содржината е дозволено за лична употреба на посетителот, но со знаење за нејзиното потекло и дека таа не може да биде искористена за комерцијални или некои други цели.

Б. Корисничко однесување

Веб страната www.silkroadbank.com.mk ќе се употребува само за законски цели и на начин кој не ја ограничува или инхибира употребата од било која трета страна. Посетителите/корисниците на веб страната треба да се придржуваат со правилата и одредбите на грчкото, европското и меѓународното право и легислатива која ги регулира телекомуникациите  и да се воздржат од било какво илегално и навредливо/несоодветно однесување кое може да има негативни последици за другите посетители/корисници и да предизвика оштетување или пореметување на веб страната и со проширувањето на Силк Роуд Банка АД Скопје. Во случај ако Банката се најде инволвирана во било каков судски спор при што од неа ќе биде побарано да плати било каков вид на компензација како резултат на некоја повреда од страна на посетителите/корисниците и нивните обврски, посетителите/корисниците ќе бидат должни да и надоместат на Банката за тоа.

 
В. Линкови со веб страни на трети лица

Веб страната www.silkroadbank.com.mk им овозможува на нејзините посетители/ корисници да бидат префрлени преку специјални врски (линкови, хиперлинкови, банери) до веб страните на трети лица. Содржината на така поврзаните страни е во целосна одговорност на соодветните трети лица. Силк Роуд Банка АД Скопје не ја гарантира достапноста на ваквите страни и во ниеден случај не може да биде одговорна за содржината, точноста, законитоста, целовитоста, актуелноста и веродостојноста на информацијата или квалитетот на продуктите и услугите кои се нудат преку овие веб страни. Веб страната на Силк Роуд Банка АД Скопје обезбедува врски до други веб страни исклучиво како погодност на посетителите/корисниците и вклучувањето на било кој линк до овие веб страни по ниту едни околности не може да се смета како гаранција или наведување или одобрување од страна на Банката или на содржината или квалитетот на услугите во нив.

Г. Ограничување на одговорноста

Силк Роуд Банка АД Скопје се стреми да обезбеди информациите кои што се објавуваат на веб страната www.silkroadbank.com.mk да бидат целосни, точни, навремени и јасни, но не гарантира дека овие критериуми ќе бидат секогаш задоволени. Следствено, Силк Роуд Банка АД Скопје, под никакви околности, дури и во случај на небрежност, нема да биде одговорна за било какви грешки, пропусти или недостатоци кои се однесуваат на  обезбедените податоци, секое каснење, прекин или неможност да се прати информацијата или оштетување предизвикано од посетителот/корисникот кој ја користи таквата информација.

Содржината на веб страната не содржи финансиски, правни или други совети, поттикнување или повикување за извршување на инвестиции или други трансакции и Силк Роуд Банка АД Скопје во никој случај нема да биде одговорна за било каква употреба на веб страната од страна на посетителите/корисниците кои постапиле според нивната сопствена воља. Секој кој што е заинтересиран за некои продукти или услуги од Банката, прикажани на оваа веб страна, се замолува да ги контактира или посети експозитурите на Банката за подетални информации во поглед на условите и трошоците на овие продукти и услуги.

Д. Сигурност на веб страната
Пристапот до веб страната е обезбеден по иницијатива на посетителот/корисникот, а не по иницијатива на Силк Роуд Банка АД Скопје.
Посетителот/корисникот на веб страната е исклучиво одговорен за добивање и одржување на потребната опрема (на пр. персонален компјутер), софтвер, телекомуникациска опрема и сите други услуги потребни за остварување на  пристап до овој сајт. Корисниците се исто така одговорни за заштита на нивниот систем од вируси и друг малициозен софтвер.
Силк Роуд Банка АД Скопје ги има направено сите можни напори за да се осигура дека сите безбедносни мерки се превземени за да се заштити веб страната од вируси и друг малициозен софтвер и исто така користи безбедносни системи за контрола на пристап до својата веб страна се со цел да се спречат напади и неавторизирани пристапи, но тоа не гарантира дека содржината на веб страната ќе биде ослободена од вируси, грешки и други штетни компоненти и следствено, во никој случај нема да биде одговорна за било каква штета причинета на горенаведената опрема, софтвер и фајлови на корисникот, како и за било каква штета предизвикана од корисникот, поради било која од горенаведените причини.

Ѓ. Лични податоци
Управувањето и заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на нашата веб страна се регулирани со постоечките Услови за употреба, одредбите од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник 07/05) и Одлуките, директивите и регулативите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (www.dzlp.mk)

Без оглед на одредбите од следниот параграф, личните податоци нема да бидат доставени до било која трета страна, освен ако законот кој се применува бара обелоденување на овие податоци и тоа само до надлежните органи.

Наведените податоци може да се чуваат и да се обработуваат од страна на Банката за комуникација и статистички цели, како и за подобрување на услугите што се нудат. Со користењето на оваа веб страна, посетителите/корисниците ја даваат својата согласност за употреба на таквите податоци од страна на Банката и/или неговите поврзани компании.

Оваа веб страна содржи специјални конекции (линкови, хиперлинкови, банери) до други веб-страни управувани од страна на трети лица. Во случај посетителот / корисникот на оваа веб страна избере да ги следи линковите до веб страните на третите лица, Банката во никој случај нема да биде одговорна за условите во врска со управувањето и заштитата на личните податоци, кои се применуваат на тие поврзани веб страни.

Покрај тоа, посетителите/корисниците на нашата веб страна имаат право на пристап до податоци кои се однесуваат на нив и право да приговараат на обработката на таквите податоци.

 

Е. Политика за cookies
"Cookie" е мал текстуалen фајл што се испраќа и се зачувува на вашиот компјутер или на било кој друг уред што го користите за пристап на Интернет, секој пат кога ќе ја посетите веб страната, без собирање на никакви информации за документите или фајловите од Вашиот уред.

На нашата веб страна www.silkroadbank.com.mk се користат “cookies” заради многу причини, а се со цел да се создаде побезбедна и поефикасна средина за нашите посетители/корисници. “Cookies” се неопходни за обезбедување на услугите понудени преку нашата веб страна (на пример, електронското банкарство), исто така “cookies” се користат за статистички цели и прашања поврзани со функционалноста на нашата веб страна (на пример, број на посетители, фреквенција на посети, кориснички параметри итн.)

Интернет пребарувачите обично се исконфигурирани по default да ги прифатат "cookies". Следствено, ако сакате да го промените начинот на кој вашиот интернет пребарувач работи, или да бидете известени за употребата на “cookies” или да го блокирате користењето на  “cookies”, мора да ги промените прилагодувањата на вашиот интернет пребарувач.

Треба да се напомене дека неприфаќањето на "cookies" може да го ограничи обезбедувањето на одредени услуги (на пример, електронското банкарство) и информации од страна на Банката.

Ж. Позитивни законски прописи – Разно
Сегашниот договор за употреба е регулиран со позитивните законски прописи во државата. Основниот суд на град Скопје е надлежен за толкување на овие услови и за разрешување на секој спор што произлегува од овој договор за употреба.

Ако кој било од овие услови е спротивен на законот и според тоа е неважечки или раскинлив, невалидноста или неспроведливоста на таквите услови нема да влијае на валидноста или спроведливоста на останатите услови.