• Силк Роуд Банка АД Скопје никогаш нема да Ви ги побара Вашите лозинки за пристап на каков било начин (на пр. преку телефон или електронска пошта). Овие лозинки се исклучително Ваши и не смеете да ги откривате никому.
  • Кога избирате лозинки за пристап, Ве молиме бидете сигурни дека истите не може да се погодат лесно и не се користат за други системи или услуги.
  • Чувајте ги лозинките за пристап во доверливост на начин на кој тие не може да бидат препознаени доколку се откриени или украдени.
  • Пристапувајте кон услугата Електронско Банкарство исклучително преку официјалната веб страница на Силк Роуд Банка АД Скопје (http://www.silkroadbank.com.mk) и никогаш преку други линкови кои се појавуват на други веб страници, пребарувачи или пораки по електронска пошта.
  • Проверете ја валидноста на страната и безбедносниот сертификат преку кликнување на иконата со катанче во полето со адреса на пребарувачот.
  • Надградете го Вашиот компјутер со најновите верзии и безбедносни закрпи на оперативниот систем (на пр. Windows) и на пребарувачот (на пр. Internet Explorer, Firefox).
  • Редовно проверувајте го Вашиот компјутер од вируси и други злонамерни програми со користење на најновите верзии на антивирус и анти-малвер програми.

    ВНИМАНИЕ ! Постојат злонамерни програми кои може да се инсталираат ненамерно на Вашиот компјутер, кои ќе се обидат да Ви ги украдат лозинките за пристап. Доколку, при Вашето пријавување на Електронско Банкарство, забележите какви било „невообичаени“ пораки кои Ве наведуваат да ги внесете повторно Вашите лозинки за пристап, запрете ја процедурата. Контактирајте ја Техничката подршка на 02 3289 440 и/или исчистете го Вашиот компјутер од вируси и други злонамерни софтвери со кои може да биде заразен.

  • Игнорирајте и избришете веднаш <<сомнителни>> пораки преку електронска пошта кои бараат да доставите лични податоци, содржат линкови или прилози.
  • За повеќе информации во врска со сигурноста на е-трансакциите, кликнете ТУКА.