Силк Роуд Банка АД Скопје ја збогати својата богата палета на депозитни производи за физички лица и воведе Силк Премиум Отворен орочен депозит. Силк Премиум Отворениот орочен депозит ги комбинира предностите од орочување на слободните парични средства на клиентите и поволностите и привилегиите од престижната American Express Gold кредитна картичка


Главни карактеристики на производот се:
  • Орочен депозит со исплата на камата на крај на доспевање
  • Рок: 13 или 25 месеци
  • Минимален износ: МКД 300.000 / ЕУР 5.000
  • Можност за депонирање на дополнителни средства за време на орочувањето
  • Можност за автоматско орочување
  • Каматна стапка – променлива за време на целиот период


Клиентите кои се корисници на Силк Премиум депозитот, а во исто време се приматели на плата во Банката имаат можност за добивање на кредитна картичка American Express Gold, со пред-одобрен износ, во зависност од износот на орочување